Помош

Често поставувани прашања

Сè што ви треба да знаете за апликацијата.

Општо

Што е Најди Превоз?

Најди Превоз е дигитална платформа која на едно место ги поврзува луѓето што бараат превоз со оние што нудат транспортни и сродни услуги. Пребарувате различни видови превоз, разгледувате понуди и профили и директно контактирате со понудувачот.

Каков превоз можам да најдам?

Најди Превоз е првата платформа што вклучува повеќе видови превоз на едно место: споделен превоз, автобуски превоз, такси, трансфери, организирани патувања, рент-а-кар, карго и транспорт, помош на пат и други сродни услуги.

Можам ли да ја користам апликацијата без регистрација?

Да. Содржините можете да ги разгледувате и без профил. Регистрација е потребна за одредени функции, како објавување, зачувување и контактирање.

Барање превоз

Како да најдам превоз?

Изберете што ви е потребно, внесете ги бараните информации и разгледајте ги достапните понуди.

Како да контактирам со превозник?

Изберете понуда и користете ја достапната опција за контакт: преку апликацијата, телефон, е-пошта, Viber или WhatsApp.

Дали плаќам на Најди Превоз за превозот и кој ја одредува цената?

Не. Цената и плаќањето ги договарате директно со превозникот. Најди Превоз не ја одредува цената, само ви помага да го пронајдете превозот што ви треба.

Што ако превозникот доцни, откаже или не се појави?

Таквите ситуации се решаваат директно со превозникот, согласно условите што сте ги договориле.

Што ако најдам лажен или сомнителен оглас?

Можете да го пријавите огласот до Најди Превоз. При основано сомневање за прекршување на правилата или законите, платформата може да ја отстрани содржината или да го ограничи профилот.

Профил и огласи

Како се креира профил?

Во делот „Регистрирај се“ ги внесувате електронската пошта, лозинката и основни информации за профилот, кои можете да ги менувате во секое време.

Кој може да објави понуда?

Секој полнолетен граѓанин може да креира профил и да објави понуда согласно правилата на платформата.

Како да изменам или отстранам оглас?

Директно во апликацијата можете да го промените, обновите или отстраните огласот.

Кој е одговорен за информациите во огласот?

Корисникот што го објавува огласот е одговорен информациите да бидат точни, целосни, ажурни и законити, согласно правилата на платформата.

Дали Најди Превоз проверува лиценци и дозволи?

Не. Секој понудувач самостојно е одговорен за лиценците, дозволите, регистрациите, осигурувањето и останатите законски услови за својата дејност.

Можам ли да зачувам понуда?

Да. Ако сте регистриран корисник, функцијата е достапна на вашиот профил.

Можам ли да го избришам профилот?

Да, профилот можете да го избришете директно во апликацијата.

Токени

Што се токени и како функционираат?

Токените се дигитален кредит во Најди Превоз за платените услуги на платформата. Наместо секоја услуга да ја плаќате одделно со картичка, купувате токени и ги користите за промоција на оглас, истакнување на профил или претплатнички пакет.

Пред секоја платена услуга ја гледате цената во токени и вашето салдо, кое е прикажано и во профилот.

За што можам да користам токени?
  • промоција на оглас
  • истакнување на профил
  • промоција на релација
  • претплатнички пакети
  • други промотивни услуги достапни во апликацијата
Дали морам да купам токени или да имам пакет за да ја користам апликацијата?

Не. Пребарувањето и разгледувањето на понудите е бесплатно, а оглас можете да објавите и без активен пакет. Токени ви се потребни само за услугите означени како платени.

Секој регистриран корисник добива Лојалити месечни токени со кои може бесплатно да објавува огласи. Кога ќе се искористат, по потреба можете да купите дополнителни.

Кои видови токени постојат и кои се користат први?
  • Бонус токени: ги добивате бесплатно како бонус и важат до истекот на нивниот период.
  • Лојалити токени: ги добивате секој месец како регистриран корисник, а дополнително и со претплатнички пакет. Важат за периодот за кој се доделени: еден месец, односно додека трае пакетот.
  • Купени токени: ги купувате дополнително и немаат рок на истекување.

Системот автоматски ги користи по редоследот Бонус → Лојалити → Купени, па прво се трошат токените што имаат рок на важење.

Дали токените се пари?

Не. Токените се дигитален кредит наменет исклучиво за платените услуги во Најди Превоз. Не можат да се исплатат во готово, да се претворат во денари, да се префрлаат на друг корисник или да се препродаваат.

Плаќање

Како се купуваат токени и кој го обработува плаќањето?

Токените ги купувате директно во Најди Превоз: го избирате пакетот токени, ја гледате цената и плаќате преку достапниот начин на плаќање. По успешното плаќање, токените се додаваат на вашето салдо.

Платените услуги се продаваат преку AgentaOS, со кој управува правното лице Aristokrates OÜ од Естонија. AgentaOS е Merchant of Record, односно правниот продавач. Тоа значи:

  • плаќањето го вршите кон AgentaOS;
  • потврдата/фактурата ја издава AgentaOS, кој ги решава и прашањата поврзани со трансакцијата;
  • Најди Превоз не е правен продавач на токените и не издава фактура за нивното купување.
Во која валута се плаќа и што ако мојата картичка е во денари?

Плаќањата преку AgentaOS се во евра (EUR). Ако користите картичка или сметка во друга валута, на пример денари, вашата банка или издавачот на картичката ја врши конверзијата. Конечниот износ зависи од курсот и провизиите што ги применува тие.

Најди Превоз и AgentaOS не се одговорни за разликите во курсот или дополнителните провизии на вашата банка.

Што ако плаќам преку App Store или Google Play?

Ако токените или пакетите ги купувате преку App Store или Google Play, плаќањето се обработува според правилата на соодветната продавница. За плаќањето и евентуалното барање за поврат на средства важат условите и политиките на Apple или Google.

Пакети

Што добивам со Basic, Silver или Gold пакет?

Basic, Silver и Gold се платени пакети со кои вашиот профил се прикажува подобро и повидливо, во зависност од избраниот пакет. Наменети се за корисници и превозници што сакаат профилот да им биде поистакнат од органското прикажување.

Пакетот не е услов за објавување оглас. Служи само за дополнителна видливост.

Дали пакетот се обновува автоматски?

Да, ако имате доволно токени за обновување. Автоматското обновување можете да го исклучите во секое време. Ако нема доволно токени, пакетот истекува без наплата.

Не го најде одговорот?

За прашања, приговори или барања поврзани со платформата, пишете ни: