Апликација за превоз

НајдиПревоз

Оној што бара превоз и оној што го нуди — на едно место.

Лого на Најди Превоз — пин со автобус

Една апликација. Многу начини за превоз.

Поврзуваме луѓе што бараат превоз со оние што го нудат.

Почетен екран на апликацијата Најди ПревозПочетна страница со пребарување по релација и најнови поаѓањаЕкран за пребарување по релација и категоријаЛиста на огласи: нудам, барам и рутиДетали за превоз: време, превозник, места и ценаКреирање оглас: избор на категорија на превоз
Апликацијата

Планирај го следното патување

Низ Македонија и Европа.

Преземи ја апликацијата

Најди го превозот што ти треба.

Често поставувани прашања

Што е Најди Превоз?

Најди Превоз е дигитална платформа која на едно место ги поврзува луѓето што бараат превоз со оние што нудат транспортни и сродни услуги. Пребарувате различни видови превоз, разгледувате понуди и профили и директно контактирате со понудувачот.

Каков превоз можам да најдам?

Најди Превоз е првата платформа што вклучува повеќе видови превоз на едно место: споделен превоз, автобуски превоз, такси, трансфери, организирани патувања, рент-а-кар, карго и транспорт, помош на пат и други сродни услуги.

Можам ли да ја користам апликацијата без регистрација?

Да. Содржините можете да ги разгледувате и без профил. Регистрација е потребна за одредени функции, како објавување, зачувување и контактирање.

Дали плаќам на Најди Превоз за превозот и кој ја одредува цената?

Не. Цената и плаќањето ги договарате директно со превозникот. Најди Превоз не ја одредува цената, само ви помага да го пронајдете превозот што ви треба.

Кој може да објави понуда?

Секој полнолетен граѓанин може да креира профил и да објави понуда согласно правилата на платформата.

Дали морам да купам токени или да имам пакет за да ја користам апликацијата?

Не. Пребарувањето и разгледувањето на понудите е бесплатно, а оглас можете да објавите и без активен пакет. Токени ви се потребни само за услугите означени како платени.

Секој регистриран корисник добива Лојалити месечни токени со кои може бесплатно да објавува огласи. Кога ќе се искористат, по потреба можете да купите дополнителни.

Контактирај нè

Прашање или предлог? Јави ни се.

АдресаКлимент Охридски 242